Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во дебарското муфтиство за настраданите подрачја во Турција собрани над 1,2 милиона денари
Македонија

Во дебарското муфтиство за настраданите подрачја во Турција собрани над 1,2 милиона денари

17/02/2023

AA

Во собирањето парични средства за настраданите подрачја во Турција се вклучи и дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

– Се потрудивме во рамки на нашите можности да се солидаризираме со турскиот народ кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.

Го молиме Возвишениот Алах на погинатите да им се смилува, на повредените да им даде што побрзо оздравување, а на семејствата кои ги изгубија своите најблиски трпение и награда во двата света. Сите дарители Аллах да ги благослови и да им даде секое добро, стои во објавата на муфтиството. Во објавата има и преглед на донираните средства по џамиите каде можело да се даруваат финансиски средства. Според прегледот во пет џамии во Дебар, како и оние во дебарските села Долно Косоврасти, Могорче и Џепиште, потоа џамијата во Центар Жупа и село Баланци, како и долнореканските села Скудриње, Присојница и Велебрдо, општина Маврово и Ростуше собрани се 1.284.327 денари или 29.985 евра. За настраданите подрачја во Турција и Сирија од поширокото дебарско подрачје и претходно доделени се финансиски средства и хуманитарна помош. Советот на општина Дебар додели 300 илјади а советниците пола од месечниот надоместок, додека советите на двете други општини по 500 илјади денари а советниците на Центар Жупа го донираа едномесечниот надоместок. Во двете основни и нивните подрачни училишта и гимназијата во Центар Жупа учениците и нивните професори собраа над 500 илјади денари. Жителите од Долно и Горно Косоврасти и селата од Долна Река испратија шлепер со хуманитарна помош, кебиња, облека, детска храна, конзервирани прехрамбени артикли и хигиенски пакети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy