
Во Центар уапсени лица од Турција, носеле пиштол!
Денеска (25.02.2024) во 02.15 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода И.Г.(28) и О.Г.(21) двајцата од Р.Турција поради тоа што кај нив биле пронајдени пиштол „глок“ и други предмети за кои постои сомнение дека потекнувале од кривично дело.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

