Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО БОСНА БУРЕКОТ ОБИЧНО СЕ МЕРИ: Дали македонските бурекџилници би прифатиле да работат на тој начин?
Економија

ВО БОСНА БУРЕКОТ ОБИЧНО СЕ МЕРИ: Дали македонските бурекџилници би прифатиле да работат на тој начин?

05/11/2024

AA

За тоа дали и во
Македонија, по примерот на Босна, бурекот би можел да се мери при продажба, има различни
мислења. Едни се за, други се против. Некои сопственици на бурекџилници објаснуваат дека такво нешто тешко би функционирало во земјава, со оглед на тоа дека
состојките за правење на бурек се скапи, на пазарот велат тешко се опстанува, народот
се иселува, а со тоа и бројот на купувачи е помал и секој гледа да заработи.

„Мислам дека тоа ќе  биде тешко да се спроведе.  Сè
помалку има работа, нема луѓе, нема потрошувачи. Навика си е навика. Навикнати
се толку години во бурекџилниците да продаваат на четвртинка, на осминка. Некаде
бурекот го прават со повеќе кори, некаде со помалку, а сирова пита треба да е
1.2 килограми, а печена да тежи 1 килограм. Бурекот треба да биде со 4 кори, а некаде
го прават со 3 кори. Јас сум мајстор за бурек, и семејно работевме 25 години и
скоро затворивме оти нема луѓе, а мој беше дуќанот, не плаќавме ни кирија.
Тешко се опстанува на пазарот. Варира квалитетот на бурекот многу и секој гледа
да заштеди, да му се исплати, да има ќар. На пример, 20 килограми маст
достигнуваше 50 евра, месото е скапо, основните состојки за правење бурек се
скапи. Газдата треба да му стави висока цена на бурекот, за да купи квалитетни намирници.
Се прават комбинации за да се исплати. Ако купи јунешко месо за во
бурекот, четвртинката треба да чини 2 евра“, објаснува мајстор за бурек од
Скопје кој неодамна го затворил дуќанот.

Но, има и луѓе
кои сметаат дека стандардите треба да бидат утврдени и да се почитуваат, иако
се свесни дека тоа во пракса тешко би функционирало и на многумина нема да им
одговара.

„Според
менталитетот наш не знам дали такво нешто би прифатиле. Мислам дека е подобро
со мерење, се знае што добива муштеријата, што добива газдата.  Четвртина треба да тежи 250 грама, а некаде не
тежи ни 150 грама и можат да играат со цената“, вели Горан, мајстор за бурек.

Валентина Матева,
чие семејство се занимава со производство на бели печива додава дека и сега се трудат да
испорачуваат ист квалитет секој ден ако сакаат да ги задржат купувачите.

„Не би било
изводливо засега да се мери. Обично е од 280 до 300 грама едно парче, односно
четвртина, тоа е стандард. Гледаме секогаш четвртинките да бидат исти, да
бидеме фер кон муштериите, да бидат задоволни и тие и ние“, вели  Матева.

Следниот наш
соговорник кој 25 години работи во пекарскиот занает, наведува дека треба да се
направи разлика меѓу потреба и луксуз. Тој додава дека луѓето постојано се на
шопинзи во соседството, рестораните и кафулињата се полни, а од друга страна се
дискутира дека лебот, бурекот или некоја друга намирница е скапа.

„Кај што ќе ви се
допаѓа бурекот,  таму ќе купите. Овде луксузот мора да се практикува, а лебот е скап и
бурекот е скап и ѓеврекот. Потреба е да јадеш ѓеврек, два ѓеврека и еден јогурт се 60 денари кај мене, а за тие пари нема ни едно кафе во Скопје. Последниве
години имаме помала заработка за разлика од порано, иако тогаш цените беа
пониски“, вели сопственик на бурекџилница во Тетово.

Од босанските
бурекџилници потврдуваат дека кај нив бурекот обично се мери на вага.

„Во Босна бурекот
најчесто оди на вага, односно на грамажа и колку сака купувачот, толку мериме.
Килограм чини од 7 до 10 евра, зависи каде купуваат и каков е квалитетот или се
продава на парче кое чини 2 евра. За осмина не сме чуле да има во продажба“, изјавија
од пекарницата Голд од Сараево.

Како што се
случуваат брановите поскапувања во Македонија, така и купувачите се жалат дека
грамажата на некои производи е намалена. Претседателката на Организацијата на потрошувачи
на Македонија, Маријана Лончар Велков деновиве кажа дека пекарските производи
се многу поскапени и го наведе примерот од Босна дека бурекот се мери.

Сања Атанасовска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy