
Во близина на Воронеж, 19 куќи биле оштетени додека конвојот на Вагнер се движел
Речиси 20 куќи се оштетени во престрелката во руската област Воронеж, за време на движењето на конвојот Вагнер, изјави денеска началникот на областа Павловски, Максим Јанцов.
„Како резултат на пукањето кај Јелизаветовка во областа Павловск, на 24 јуни, кога конвојот „Вагнер“ напредуваше низ нашата територија, беа оштетени 19 куќи“, рече Јанцов на Телеграм.
Според него, локалните власти ќе им ја надоместат штетата на граѓаните, пренесе ТАСС.
„Засега, ограничувањата за движење се на сила во регионот Воронеж, а ќе биде објавено кога ќе бидат укинати“, додаде тој.
