Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Битола група „Шкорпион“ ќе ловела педофили
Магазин

Во Битола група „Шкорпион“ ќе ловела педофили

21/03/2025

AA

 

БИТОЛА – Битолчани на социјалните мрежи објавуваат видео на кое возрасен маж признава дека договорил средба со 14 годишно девојче. Мажите што го „уловиле“ наводниот педофил јасно го разоткриваат неговиот идентитет. На Фејсбук, битолчанка која тврди дека  е дел од група „Шкорпион“,  со име и презиме и со фотографија ги објавува „уловените“ мажи кои наводно комуницирале со малолетнички, па дури ги објавува и скриншотовите од комуникацијата.

Битолчанката јавно повикува: „Ова е групата ‘Шкорпион’ која ќе се бори против педофилите низ Битола и која ќе ги лови. Не сте сами монструми! Од денес ‘шкорпионите’ ви се зад петици. Ќе биди чувано секое училиште, парк, собиралиште на деца. Секаде ќе бидеме присутни“, пишува битолчанката Б.М. на Фејсбук.

Споделувањето на видеото ги вознемири битолчани, па побаравме информација од Основното јавно обвинителство во Битола од каде повикуваат граѓаните да не ја преземаат правдата во свои раце.

„Основното јавно обвинителство Битола е известено за ваквите појави и презема дејствија за целосно расчистување на случаите и одговорноста од сите аспекти. Апелираме до сите граѓани кои имаат сознанија за кривични дела да ги пријавуваат во надлежните институции – МВР или јавните обвинителства и да не се обидуваат да ја преземаат правдата во свои раце“, изјави Обвинителството од Битола за „Независен“. 

Дел од медиумите пишуваат дека организацијата „Пантер“, позната по своите акции за лов на педофили, сега се прошири и во Македонија.

Групата, активна во регионот на поранешна Југославија, ги интензивира напорите за спречување на сексуалната експлоатација на деца. Групата делува на територијата на Босна, Србија, Хрватска, а ова е прва акција во Македонија. (А.Б.)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жителка на Дебреше тешко повредена по удар во бандера

19/02/2026
Македонија

Нацрт-извештај на Вајц: ЕУ-патот бара опипливи резултати дома и активна

19/02/2026
Македонија

ПАРИ ОДЕЛЕ НА ТУЃИ СМЕТКИ Поранешни претседатели на здружение под

19/02/2026
Македонија

Циклон носи дожд и снег: На планините се очекуваат нови

19/02/2026
Македонија

Кривични за 4 екс претседатели и вработени во Здружението на

19/02/2026
Македонија

Казнети четири градилишта во Центар, еве зошто!

19/02/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 60% ОД НОВИТЕ АМБАСАДОРИ СЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ДИПЛОМАТИ Се

19/02/2026
Македонија

Аларм во Вевчани: Жителите загрижени од непознато лице кое демне

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41653
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жителка на Дебреше тешко повредена по удар во бандера

19/02/2026

Триесет и петгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера наутро во гостиварското

Нацрт-извештај на Вајц: ЕУ-патот бара опипливи резултати дома и активна поддршка од Брисел

19/02/2026

Македонија се наоѓа во критична фаза од своите евроинтеграции, каде што домашните реформи и геополитичката реалност наметнуваат нова итност. Ова

ПАРИ ОДЕЛЕ НА ТУЃИ СМЕТКИ Поранешни претседатели на здружение под истрага за злоупотреби

19/02/2026

Полицијата поднесе кривични пријави против четири лица од Штип, меѓу кои и поранешни претседатели на Здружението на инвалиди на трудот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy