Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во БИХ покренат процес за укинување на данокот за купување прва недвижнина
Економија

Во БИХ покренат процес за укинување на данокот за купување прва недвижнина

21/09/2024

AA

Министерот за финансии и трезор на Босна и Херцеговина Срѓан Амиџиќ изјави дека е започнат процес за донесување на законот за укинување на ДДВ при купувањето на првиот недвижен имот на државно ниво.

На прес-конференција во Сараево, Амиџиќ изјави дека ова е важна иницијатива за луѓето кои живеат во БиХ и дека е оправдана од социјален аспект поради драстичното зголемување на цените на недвижностите и дека една од главните причини за напуштањето на младите на државата е неможноста да се реши станбеното прашање.

Тој оцени дека политичката ситуација во Босна и Херцеговина е созреана, така што таквиот предлог ќе добие поддршка во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.

Тој објасни дека е важно укинувањето на ДДВ за првиот недвижен имот, бидејќи поради зголемените цени на станбената градба, граѓаните тешко купуваат недвижен имот.

Тој нагласи дека нема да има поделба и дека сите граѓани на БиХ кои ќе го купат својот прв недвижен имот ќе бидат ослободени од плаќање ДДВ.

„Нема поделба, не се однесува само на млади брачни парови до 35 години или деца на паднати војници, туку се однесува на сите кои живеат во БиХ, имаат државјанство на БиХ и немаат решено станбено прашање. “, истакна Амиџиќ.

Претставничката во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, Миа Карамехиќ-Абазовиќ прецизираше дека во иднина граѓаните ќе заштедат 17.000 KM (околу 8.500 евра) за секои 100.000 KM (околу 50.000 евра) за првиот имот, што значително ќе го намали товарот на тоа купување.

Премиерот на кантонот Сараево Нихад Ук истакна дека владејачката коалиција на државно ниво договорила конкретна мерка, од која цела БиХ ќе има корист.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy