Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Бигорски за Велигден неколку илјади верници
Македонија

Во Бигорски за Велигден неколку илјади верници

18/04/2023

AA

Илјадници верници го посетија македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир за Христовото воскресение Велигден.

Присуството на неколку илјадници верници, во саботата и со повеќе стотици во другите денови, од сите делови на државава, но и на верници од православниот свет од повеќе европски држави, само потврдува дека Бигорски останува духовен центар за поширокиот балкански регион.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

Меѓу илјадинците верници беа и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Ден на сецело очистување и спасение блеска со силна небесна светлост. Радоста на ангелите и небесната песна ги обзема земнородните. Човекот се сроди со Бога во нераскинлива заедница на љубов и слава. Празник на човечкото воскресение и отворање на вратите на вечноста. Нашата Бигорска Обител деновиве ни беше нашиот Ерусалим во кои се извршија најголемите настани за човечкото спасение, а круната на вечната победа – победата над смртта – беше вострубена од радоста на нашиот Старец и Игумен, Епископ г. Партениј, којашто се пренесе во секој присутен закопнеан по воскресение, велат од Бигорскиот манастир.


Во овој манастир, каде првпат пред 15 години беше донесен Благодатниот оган, најголемата радост која му се случува на човечкиот род, ја соопшти епископ Антаниски г. Партениј. Со пасхален восхит и восклик владиката Партениј беседеше за Воскресението како негов сведок, со зборови полни со благодат и сила.

– Да се празнува Света Пасха, премин, Воскресение, значи да се учествува во „новата твар“ што со Своето сеславно Воскресение ја сотвори Спасителот на светот, нашиот Господ Исус Христос. Оти, Он дојде во светот, за одново да го пресоздаде светот, да го преобрази завладеаниот од смрт Адам и паднатото во грев човештво. „Исус од Назарет, Човекот посведочен од Бога со сили, чудеса и знаци, Кого смртта немаше сила да Го задржи“ (сп. Дела 2,22-24), стана за нас новиот Адам. Така, нашиот призив е да станеме и ние причесници и сотворци на новата твар во Воскресението, на новиот свет што Христос го покажа, рече меѓу другото во својата беседа владиката.


Некој можеби, додаде, ќе ни противречи: „Ама, каков е тој нов свет, кога насекаде околу нас го гледаме токму спротивно од она за кое Исус говореше“.

– Гледаме зло, војни, закоравени и закрвени уверувања, меѓусебно спротивни филозофии и фанатизам, страдања и смрт“. Меѓутоа, доколку добро се вгледаме во човечката историја, во личните животи на оние кои го избрале крстовоскресниот пат, во житијата на светиите, во срцата на охристовените личности, ќе забележиме и ќе констатираме дека Воскреснатиот навистина создаде еден нов свет, нова стварност чиешто градиво е благодатта, милоста и љубовта Божја. И токму во спротивставеноста со паднатиот свет „кој лежи во зло“ (1. Јован. 5,19), ние ја воочуваме реалноста на новата твар, на богосотворениот свет. Гледаме, имено, луѓе кои иако опкружени од злото избрале да бидат последователи на доброто; луѓе, кои, иако притеснети од тагата и меланхолијата на овој свет, славно се радуваат и ликуваат во светот на благодатта. Гледаме личности кои среде темнината на злото во овој век, блескаат со надумна светлина и убавина, рече г. Партениј.

Манастирот е основан во далечната 1020 година од монахот Јован Дебарски кој тогаш станал Охридски архиепископ. Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него. Преживеал многу премрежија и голготи, како што беше и последната трагедија од 30 септември 2009 година, кога пламените јазици го пеплосаа Горни Палат. Но, секогаш се извишувал како феникс за да може да „говори“ за постоењето на православието на овие простори


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy