
Во автобус на ЈСП претепан контролор!
На 11.10.2023 во 09.41 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш.(36) од Скопје, вработен како контролор во ЈСП Скопје, пријавил дека околу 09.30 часот на бул.„Македонско-косовска бригада“, додека извршувал работни задачи во автобус, бил физички нападнат од Х.Ј, кој употребил и метален предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

