Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во јавно претпријатие кое работи со загуба, исплатата на плати се зголемила за 12 отсто
Економија

Во јавно претпријатие кое работи со загуба, исплатата на плати се зголемила за 12 отсто

24/04/2025

AA

Јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура, кое ги одржува пругите и железничкиот сообраќај, исплаќа по 40 илјади денари просечна месечна нето плата за своите вработени во текот на минатата година.

Според условната пресметка од годишното финансиско работење кое ЈП ЖРСМ Инфраструктура го објави изминатиот период, вкупниот број на вработени во Друштвото со состојба на 31 декември 2024 година изнасува 720 лица.

За бруто плати за вработените се исплатени 519.180.000 денари и за овој трошок, кој е меѓу најголемите на ова јавно претпријатие, се зголемиле издатоците за 12 отсто, бидејќи една година претходно за доходи на работниците биле потрошени 462.377.000 денари.

Под надлежност на ова друштво е изградбата на железничката инфраструктура, пред се Коридорот 8. Во рамките на овој проект оваа година во јануари беше пуштена во употреба пругата од Куманово до Бељаковце. Приходите кои како услуга ги наплаќа Македонски железници – Инфраструктура доаѓаат од транспортното железничко претпријатие, но најголемиот дел се државни субвенции од буџетот. 

2024-тата била завршена со три милиони евра загуба, што е подобрување ако се знае дека во 2023 резултатот бил минус 11 милиони евра. Според објавената завршна сметка, 860 милиони денари (14 милиони евра) изнесува минатогодишната државна поддршка. Од меѓународните кредити за изградба на Коридор 8 биле префрлени 1,683 милијарди денари (27,5 милиони евра) на негова сметка.

„Основната дејност на Друштвото е да го организира и регулира железничкиот сообраќај, обезбедува пристап и користење на железничката инфраструктура на сите железнички превозиници, изградба, реконструкција, ремонт, одржување и заштита на железничка инфраструктура и други активности што се во функција на дејноста“, објавено е во годишниот отчет на јавното претпријатие.

Дадените аванси кое друштвото му ги исплатило на изведувачите за изградба на фазите од проектот Куманово – Бељаковце.-Деве Баир изнесуваат 10,5 милиони евра, што е послаб резултат за 3,6 милиони евра една година претходно. 

Обврските кон добавувачи во земјата во текот на минатата година се зголемиле на повеќе од 5 милиони евра, а обврските за меѓународните кредити кои треба да се враќаат достигнале до 117 милиони евра.

Минатиот месец бугарското Министерство за транспорт и врски објави дека Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија со демант дека „не е одложена изградбата на пругата кон Република Северна Македонија“. Од таму рекоа дека по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, преку прекуграничен тунел ќе може да се приклучи на мрежата на македонскиот оператор. Ова може да значи дека македонската страна ќе ја забрза својата динамика на поврзување со бугарската граница.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy