Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во јануари 187 случаи на ковид-19, 903 лица со овчи сипаници!
Македонија

Во јануари 187 случаи на ковид-19, 903 лица со овчи сипаници!

19/02/2024

AA

Во текот на јануари 2024 година, во Република Северна Македонија, пријавени сe вкупно 1.182 заболени лица од акутни заразни заболувања (без COVID-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ) со вкупна инциденца од 64,4 на 100.000 жители.

Во текот на месец јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 23,8% во однос на претходниот месец декември 2023 (n=1.551), како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014–2023, за 16,7% (n=1.419). Во однос на јануари 2023, се бележи зголемување за 5,3% (n=1.122).

Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на ЦЈЗ е пријавен на територија на ЦЈЗ Скопје (n=570; 48,2%%), а најмал број е пријавен во ЦЈЗ Охрид (n=18; 1,5%).

Највисока инциденца на 100.000 жители на ниво на ЦЈЗ сеуште се регистрира на територијата на ЦЈЗ Битола (I=206,0/100.000), а најниска е инциденца во ЦЈЗ Велес (I=12,9/100.000).

Десетте најчесто пријавувани акутни заразни заболувања во јануари учествуваат со 99,3% во вкупниот број на заболени во месецот и бележат инциденца од 63,9/100.000 жители. Првите две најчести заразни заболувања (овчи сипаници и ентероколити, n=1.066), учествуваат со 90,2% во вкупниот број на заболени, а со 90,8% во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во месец јануари 2024 година.

Во текот на јануари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 903 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,4%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,9%.

Во однос на претходниот месец декември 2023 (n=1.212), се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 25,5%, додека во однос на месец јануари 2023 (n=936) се регистрира намалување за 3,5%.

Во однос на аритметичката средина (n=809) се регистрира зголемување за 11,6%.

На второ место по број на пријавени заболени во месец јануари се ентероколити, со 163 случаи. Во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 13,8%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 13,9%.

Во однос на претходниот месец декември 2023 (n=198), се регистрира намалување на бројот на заболени лица од ентероколити за 17,7%, додека во однос на месец јануари 2023 (n=111) се регистрира зголемување за 46,8%.

Во однос на аритметичката средина (n=441) се регистрира намалување за 63,0%.

Во однос на поделбата на акутните заразни заболувања по групи во јануари, најголем број (n=942) припаѓаат на капкови заболувања (79,9%;
I=51,3/100.000) (Графикон 3). Од нив, најголем број, (n=903; 95,9%) и инциденца (I=49,2/100.000), се пријавите за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени, 14 случаи на скарлатина (I=0,8/100.000),

13 случаи на инфективна мононуклеоза

(I=0,7/100.000), 8 случаи на голема кашлица, два случаи на пневмококна инфркција, и по еден случај на заразни заушки и менингококна болест.
Во месец јануари, пријавени се 204 случаи (17,3% од вкупниот број на пријави) на заболени од групата на цревни заболувања (Графикон 3), со инциденца од 11,1/100.000. Од нив, најголем број, (n=163; 79,9%) и инциденца (I=8,9/100.000) се пријавите на ентероколити. Пријавени се 22 случаи на салмонелози (I=1,2/100.000) и 19 случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации (I=1,0/100.000).

Во групата на останати акутни заразни заболувања, во јануари се регистрирани 32 случаи (2,7%; I=1,7/100.000) (Графикон 3). Од нив 28 случаи на шуга (87,5%; I=1,5/100.000), и по 2 случаи на бактериски менингит и вирусен енцефалит.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44971
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy