
Во 17:30 најтопло во Велес, измерени 38 степени под сенка
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
22 Попова Шапка, 27 Крушево, 28 Лазарополе, Маврови Анови, 30 Берово, 32 Охрид, 33 Претор, Крива Паланка, 34 Тетово, Прилеп, Битола, 35 Виница, Струмица, 36 Скопје-Петровец, 37 Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 38 Велес, Демир Капија, Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и многу топло, дуваше слаб ветер претежно од северен до североисточен правец. На крајниот исток краткотрајно имаше зголемување на облачноста во попладневните часови. Доцна попладне ветерот е слаб и променлив.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Сончево и многу топло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер поизразен долж Повардарието. Преку ноќта ќе биде ведро, вдолж Повардарието со слаб југоисточен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.
