
Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Како што велат, врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот.
