
ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Одрони има на повеќе места

Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на расчистување на одрон на магистралниот пат А3, на делницата Делчево – Македонска Каменица, кај селото Очипала, каде одронет материјал се има спуштено на дел од коловозот.
Сообраќајот не е во прекин, а возилата се пропуштаат по кратко задржување додека трае расчистувањето.
Според информации од надлежните служби, одрони има и на други места долж магистралата, поради што препораката е возачите да се движат со посебно внимание и прилагодена брзина.
Работите на терен се во тек.
.

