
Внимавајте: На овој патен правец има магла
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, при што коловозите се претежно влажни. Надлежните служби упатуваат апел за максимална внимателност при управувањето со возилата.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и работат на одржување на проодноста на сите патни правци.

