
Внимавајте: Лисици се појавија во Козле – жителите бараат итна реакција!
„Првпат видовме една лисица пред неколку дена, но сега се појавуваат по неколку одеднаш. Стравуваме за безбедноста на децата и на милениците,“ вели загрижен жител на скопската населба Козле за 24инфо, откако на улицата Ловќенска биле забележани лисици кои се движат во близина на домовите.
Жителите на оваа мирна населба веќе неколку дена алармираат за присуство на диви животни и посочуваат дека неколку миленици биле нападнати. Бараат итна реакција од градските власти и од инспекциските служби за да се спречи поголема опасност.
Појавата на диви животни во урбани средини станува сè почеста појава, особено во потоплите месеци кога животните се приближуваат кон населбите во потрага по храна и вода. Слични сцени се бележат и во регионот.