
ВНИМАНИЕ ВОЗАЧИ: Дождот предизвика ново свлечиште на патот кон Бања – забрана за движење додека не се расчисти
Центарот за управување со кризи (ЦУК) и општинските служби испратија итно предупредување до граѓаните. Поради обилните врнежи од дожд, повторно се активирало свлечиште на патниот правец кон Бања, што претставува сериозна опасност за учесниците во сообраќајот.
Информацијата е потврдена по добиена пријава на единствениот број за итни повици 112.
Надлежните упатуваат силен апел до сите граѓани и возачи:
Општинските екипи веќе се излезени на лице место. Се работи на следење на состојбата и проценка на ризикот, пред да се пристапи кон расчистување на теренот. Сообраќајот на овој потег е ризичен и ќе биде нормализиран дури откако ќе се создадат безбедни услови.
