
ВНИМАНИЕ: Не работи рампата на пругата во Илинден, возовите минуваат непречено
Граѓани преку Вибер групата „Општина Илинден – информации“ предупредуваат на опасна ситуација на железничката пруга во Илинден.
Според објавата, рампата не функционира, а возот минува непречено, без да биде активирана звучна или светлосна сигнализација.
„Внимателно на пругата – рампата не работи, а возот си проаѓа“, стои во предупредувањето споделено во групата.
Жителите апелираат сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни, бидејќи дефектот претставува сериозна закана за безбедноста на возачите и пешаците кои минуваат во близина на пругата.
