Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Внатрепартиска трка во Алијанса за Албанците
Македонија

Внатрепартиска трка во Алијанса за Албанците

07/02/2024

AA

Лидерот на Алијанса за Албанците Таравари и неговите поддржувачи утревечер во Куманово на заседание на централното претседателство. Од таборот на Села пак велат дека тоа е само собир и состанок. Партиското собрание е закажано за в сабота во Скопје. Тогаш треба да падне конечната одлука дали Алијанса за Албанците ќе настапи самостојно на парламентарните избори за што се залага Села, или пак партијата ќе биде дел од коалицијата на Европскиот фронт за промени, на што инсистира Таравари.

„Дел од членовите на собранието во текот на вчерашниот ден добија порака за средба во Куманово, а потоа и за средба со господинот Таравари. Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за в сабота во Буши ресорт во 13 часот“, стои во дописот од Алијанса за Албанците.

Во меѓувреме, комбинаторики и за учеството на министрите од партијата во техничката Влада. Алиу и Меџити, кои го поддржуваат Таравари не се откажуваат од министерското столче. Откако беа сменети кадри од третиот ешалон на владина седница, се погласни се најавите и за предлог за нивно разрешување. Тоа го побара и кадровската комисија. Неофицијално во игра и нивните заменици. Се споменуваат Недим Бајрами како можен наследник на Алиу во информатичко општество и администрација и Илир Демири во здравство, на местото на Меџити. Лидерот на СДСМ Ковачевски директно не ги коментира случувањата во Алијанса за Албанците, но рече дека внатрешните прашања се решаваат во самата партија. Со идентичен став и евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир.

Поделбата на табори во Алијанса за Албанците која има 8 пратеници се отслика и на собраниската седница. На парламентарното мнозинство му требаа речиси два часа за да обезбеди кворум, бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не влегуваа во салата.

Милчо Велески

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy