Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-НП: Решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците
Економија

ВМРО-НП: Решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците

05/12/2024

AA

Oд партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, излегоа со став за препораката на Фискалниот совет дека старосната граница за пензионирање треба  да се зголеми на 67 години и за мажи и за жени. 

Велат дека ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата што деновиве се развива во Северна Македнија, за дупката во пензискиот фонд како и за зголемувањето на старосната граница за пензија и можното зголемување на даноците како мерка за пополнување на дупката.

„Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во последните десетина години неколку пати сме ја алармирале јавноста за можната ескалација на ова горливо прашање и жално е што во оваа дискусија никој не зборува за вистинскиот проблем, а тоа е системска проблематика која настана со реформата при формирањето на приватните пензиски фондови. Во овој случај не можеме никого да обвиниме затоа што тоа беше наметната реформа од Светската банка и Монетарниот фонд, меѓутоа со жалење можеме да констатитраме дека никој во сиве овие години не се обиде да сфати каде е проблемот. Како за потсетување е и фактот дека оваа ситуација со приватните пензиски фондови како дискусија ја имаше скоро во сите држави од поранешниот комунистички блок. Затоа ВМРО-Народна партија смета дека решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците туку треба да се размисли околу правна форма за укинување на приватните пензиски фондови и враќање на единствениот државен пензиски фонд“, реагираат од ВМРО-НП. 

Власта смирува дека не размислуваат за зголемување на старосната граница за пензионирање. И Левица е против овој предлог. Тие рекоа дека пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy