Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис?
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис?

12/02/2026

AA

Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија.

Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.

Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.

Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.

Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.

Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.

Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски?

Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар?

Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?

Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.

Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОД ЛУПА 43 ЛИЦЕНЦИ Почна проверка на сите производители на

12/02/2026
Македонија

Стартува масовна контрола на лиценцираните производители на медицински канабис

12/02/2026
Македонија

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе добие смарт паркинг со апликација,

12/02/2026
Македонија

За викенд не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи

12/02/2026
Македонија

Бислимоски поднесе оставка од РКЕ 

12/02/2026
Македонија

ЈАС ЈА СОСТАВУВАМ ВЛАДАТА, ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД МИНИСТЕРОТ ЛИМАНИ Мицкоски

12/02/2026
Македонија

Три физички и едно правно лице обвинети за пожарот кој

12/02/2026
Македонија

Мицкоски: Битангите кои се занимаваат со незаконити влијанија се зад

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41368
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОД ЛУПА 43 ЛИЦЕНЦИ Почна проверка на сите производители на медицински канабис

12/02/2026

Министерството за здравство започна вонредни контроли на сите компании што произведуваат медицински канабис во земјава. Министерот Азир Алиу денеска изјави

Стартува масовна контрола на лиценцираните производители на медицински канабис

12/02/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска најави почеток на обемна акција за контрола на сите компании кои имаат лиценца за

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе добие смарт паркинг со апликација, сензори и хортикултурно уредување

12/02/2026

Деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ конечно ќе добие трајно решение, откако Владата во вторникот донесе одлука

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy