Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Тендерот Чебрен пропадна поради пропусти и немање капацитет ниту знаење од владата за капитални проекти, за ова први алармиравме
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тендерот Чебрен пропадна поради пропусти и немање капацитет ниту знаење од владата за капитални проекти, за ова први алармиравме

03/01/2024

AA

Уште пред еден месец лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отворено предупредуваше за пропусти во постапката за реализација на проектот Чебрен.

Алармиравме дека Владата неколку пати ги менувала одлуките поврзани со изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, со што создаде сложена ситуација и потенцијално голем проблем во иднина.

Тогаш СДС тврдеше дека нападите се малициозни и невистинити. Месец дена подоцна проектот пропадна.

Еве и зошто.

Прво Владата на Зоран Заев на 24 декември 2019 година донела одлука за отпочнување на постапката, во која се вели дека на компанијата што ќе ја добие оваа набавка ќе и биде отстапена и хидроцентралата „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне изградбата.

„Почнува да се гради, три месеци потоа го добиваат „Тиквеш“, па потоа треба да изгради 400-киловолтна трафостаница „Мариово“ каде што ќе се поврзе хидроцентралата.

По кратко време власта ја презема техничката влада предводена од Оливер Спасовски, која носи нова одлука на 4 февруари 2020, со која се бришат сите овие обврски наведени во првичната одлука. А две недели подоцна е објавен и јавниот повик, и во него избришаните обврски повторно се појавуваат. Ситуацијата дополнително се комплицирала со тоа што во меѓувреме е објавен повикот за компаниите да учествуваат во пред квалификацијата, во кој се вели дека победничката компанија ќе ја добие ХЕЦ „Тиквеш“ три месеци откако ХЕЦ „Чебрен“ ќе почне со работа, односно ќе биде завршена градбата.

Тоа е голема разлика бидејќи ако од прилика таа градба трае шест години, а ХЕЦ „Тиквеш“ произведува отприлика 140-150 илјади мегават часови, пазарната цена е некаде околу 120 евра мегават час, но таа е пикова енергија и е уште поскапа, но еве да речеме 120 евра мегават час, помножено со 6 години ние добиваме сума од 100 милиони евра.

Во краток период биле донесени повеќе документи што не се поклопувале еден со друг, што предизвика проблем.

Конфузијата продолжила и понатаму во постапката, па така на 14 септември минатата година сегашната влада ја избира групата „ППЦ-Архиродон“, односно грчкото електростопанство, како најповолен понудувач, повикувајќи се на одлуките пред три и пол години во кои ХЕЦ „Тиквеш“ еднаш се дава три месеци по почетокот на градбата, а вториот пат се брише.

Владата во обид да си направи свој нов бонбона бизнис од 100 милиони евра дополнително се заплетка.

Затоа поради овој криминал и неспособност никогаш не се живеело полошо.

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy