
ВМРО-ДПМНЕ: Станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници, лицето не е шеф на обезбедувањето на Мицкоски!
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека споменатото лице, како што велат од СДСМ шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, Ивица Бисовски, кое било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето.
Според нив, истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата. Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

