
ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП од Советот за две години доби субвенции од 1 250 000 000 денари, сега доби уште нови 700 милиони
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на оваа слика каде здружно гласаат за 700 милиони денари субвенции за СДС, Левица и ДУИ ќе ја потсетат јавноста за неколку месеци кога повторно ќе дојде директорот и Арсовска да бараат пари од советниците.
„Причината за неисплаќањето на плати не треба да се бара во ВМРО-ДПМНЕ, туку во неспособниот директор и Арсовска кои го упропастуваат градот.
Очигледно денес Арсовска одработува сценарио на Миле Зечевиќ за политичко насочување и манипулирање на вработените во ЈСП.
ЈСП од Советот за две години доби субвенции од 1 250 000 000 денари. Сега доби уште нови 700 милиони“, велат од таму.
