Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација на Македонија овозможена од СДС и Ковачевски
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација на Македонија овозможена од СДС и Ковачевски

09/12/2023

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС и Димитар Ковачевски целосно ја уништија Македонија.

„Со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација.

Уште еднаш на дело се покажа и докажа дека ДУИ е власт, а СДС подизведувач. Како Ахмети им свири, така Ковачевски и СДС играат.

Ковачевски само за да опстои уште некој месец, спремен е се да им отстапи на ДУИ и Ахмети и тоа на штета на македонскиот народ.

СДС и Ковачевски не го прифаќаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер.

Криминалците од ДУИ целосно го преземаа управувањето со државата, затоа и во Македонија цвета криминалот и корупцијата.

Џафери или командант Форина во 2001 година дезертирал од македонската Армија и преминува во УЧК. А јавноста е сведок и на низа прекршувања на собраниски процедури од страна на Џафери, како употреба на европското знаменце на закони кои немаа врска со европската регулатива, само имаа врска со криминалиите на ДУИ, заклучување на вратите на пленарната сала за да не можат другите пратеници да се пријават за дискусија за дневниот ред, како и недоличното однесување и навредување кон собраниските службеници.

На Македонија и се случува ДУИзација, а Ковачевски е директно одговорен за тоа. Има ли некој од СДС што му останало барем грам достоинство за веднаш да му се спротивстави на Ковачевски?

Затоа на следните избори СДС и Ковачевски мора да бидат поразени.

За Македонија да оди напред, СДС и Ковачевски мора да заминат!“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy