
ВМРО-ДПМНЕ: Смешно е што дозволуваат членовите на ДУИ, Груби да ја приватизира партијата и да ги злоупотребува соопштенијата за да го одбрани сопствениот криминален октопод
Од ВМРО-ДПМНЕ се јавија со реакција по повод соопштението на ДУИ.
Тие велат дека смешно е што дозволуваат членовите и активисти на ДУИ, Артан Груби да им ја приватизира партијата и да ги злоупотребува соопштенијата од ДУИ за да го одбрани сопствениот криминален октопод.
„Груби во неговото опкружување е познат како верен послушник на некои поранешни политичари и државни функционери кои се дел од тие процеси за кои ДУИ пишува соопштенија.
Неговата криминализираност исто како и неговиот идол е до степен на клептоманија.
Артан Груби кој важи близок до коцкарското лоби, на Македонија гледа како големо казино. Овој пат ДУИ се коцка со судбината на Македонија и на Албанците и на Македонците.
ДУИ наместо во немоќ да навредува и клевети, треба да се позанимава како се случи пожарот во модуларната болница, како се случи несреќата во Ласкарци, автобуската несреќа во Бугарија.
Неспособноста на Артан се плаќа со животи.
Секој почеток има свој крај, а крајот на Груби во политика се ближи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

