Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ се сврте кон Хрватска: Бараат нивни модел при промена на Уставот
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ се сврте кон Хрватска: Бараат нивни модел при промена на Уставот

02/04/2023

AA

Власта многу пати досега на темата уставни измени во јавноста ги пласираше тезите за промена на уставот на Република Македонија, по моделот во Република Хрватска. Оваа држава, Република Хрватска, е земја членка на ЕУ па оттука и промената на уставот по т.н хрватски модел за ВМРО-ДПМНЕ е сериозно применлив и прифатлив. Затоа, испраќаме јавна понуда до власта при промена на нашиот устав да го примениме хрватскиот модел во целост во однос на преамбулата, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со тоа, Македонија ќе го промени мултиетничкот карактер во унитарен и аналогно на тоа Македонија ќе е држава на македонскиот народ и држава во која припаѓаат националните малцинствата, кои живеат тука. Еве како би изгледал македонскиот устав, односно преамбулата ако би се земала во предвид хрватската преамбула:

“Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на припадниците на националните малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и др., кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во согласност со демократските норми на Организацијата на Обединети Нации, вели Митева.

Таа додава дека со тоа, сегашната преамбула ќе претпри значителна промена од причина што актуелната преамбула гласи:

“Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите”

-Воедно, спремни сме да разговараме сите националности кои се забележани во последниот попис да бидат дел од националните малцинства, но Македонија да биде унитарна држава. Ваков модел, во оваа форма ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е подготвена веднаш да поддржи, без никакви условувања. Очекуваме СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог од причина што самите постојано се прокламираат за европски политичари, па оттука после нивните изјави со кои хрватскиот модел го предлагат како најсоодветен пример за промена и примена во Македонија не веруваме дека сега би биле против овој модел и би одбиле Македонија да биде унитарна држава, вели Митева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy