
ВМРО-ДПМНЕ се мисли дали да влезе во техничка Влада со премиер Талат Џафери
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве преку органите на партијата ќе одлучува дали да влезе во техничка Влада со претседател Талат Џафери.
Ова попладнево на прес конференција го потврди и портпаролот на партијата Наум Стоилковски.
На новинарско прашање дали се подготвени да влезат во Влада на која премиер би бил Талат Џафери, Стоилковски одговоти:
„Во текот на наредните денови органите на партијата ќе носат одлука, доколку да, ќе се одлучува кој кадар ќе биде на функциите“, кратко одговори Џафери.
Новинарските прашања следуваа на крајот од прес конференцијата чија тема пак беше токму како што велат тие неспосностана Талат Џафери да ја води државата/.
