Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која е опкружена со луѓе и функционери кои се поврзани со скандали со дрога
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која е опкружена со луѓе и функционери кои се поврзани со скандали со дрога

28/03/2025

AA

СДС елитистичка да не молчи и да ги става работите под тепих, пред очите на јавноста излезе целата хипокризија на борците за правда и еднаквост од СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„СДС е партија која е опкружена со луѓе и функционери кои се поврзани со скандали со дрога.

СДС и на власт и во опозиција има скандали поврзани со употреба на наркотични средства.

СДС и Филипче молчат и не се оградуваат за случајот каде Јон Фрчковски директор на Центарот за истражување и анализи на СДС консумира психотропна наркотична супстанца.

Јавноста беше сведок и за случајот со еден од водачите на шарената револуција и поранешен пратеник на СДС, Павле Богоевски кој исто така потврди автентичност на снимка според која тој нарачува психотропна наркотична супстанца.

СДС има историја на скандали поврзани со шверц и користење на дрога од високи функционери.

Спасовски како ексминистер на МВР молчеше и за скандалот на кланот Заеви поврзан со шверц на дрога.

Во акцијата која беше спроведена од ДЕА, во комбето со грчки регистарски таблички, беше пронајдена дрога во вредност од над 800 илјади евра, а се поврзуваше со фирма која е партнер на фирмата на Заеви. Уапсени беа командирот на полициска станица Прилеп кој беше директно поставен од Оливер Спасовски и шоферот на братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев.

Советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот и бегалец Артан Груби, исто така беше фатен со пакетчиња кокаин.

Користењето на наркотични средства не може да помине со оставка тоа повлекува низа консеквенции согласно закон.

Јавноста заслужува одговори на прашањата зошто СДС не се оградува од Јон Фрчковски? Каде користел наркотични супстанци? На кое работно место?

Надлежните органи да профункционираат и да го повикаат Јон Фрчковски на распит.

Дали само децата и внуците на црвената буржоазија и транзициските функционери се привилегиран слој во општеството па Јон Фрчковски има дискреционо право?

Дали за Јон Фрчкоски не важи законот каде доколку на работно место лице внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства веднаш добива отказ од работодавачот?

СДС да ѝ се извини на јавноста а државните институции да профункционираат и надлежните органи да реагираат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy