
ВМРО-ДПМНЕ прифаќа лидерска средба за датум за избори, за Изборниот законик и за укинување на техничката Влада
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека лидерска средба е прифатлива за понеделник после 11 часот на која би се разговарало за конечно прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ.
„Од медиумите дознавме дека премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник поврзана со изборите. Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
