
ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Ковачевски го распадна здравството, грешките на лекарите во Македонија ги покрива земјата и власта
ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение истакна дека грешките на лекарите во Македонија ги покрива земјата и власта.
„Луѓе умираат, но македонското здравство не открива причини, туку само констатира.
Ковачевски го распадна здравството.
Од еден министер кој бараше аплаузи, а ништо освен провизии за себе не правеше, до друг министер кој добил хациенда за коалиција.
Министерството за здравство на власта и служи само за тендери, а за пациентите никој не води грижа.
Одговорност за случајот со Јана и за сите останати нерасветлени ќе има. Уште првиот месец по смена на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

