
ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од Абази и таткото на Дрин Ахмети – се сомневаат дека ќе се отвори истрага
ВМРО-ДПМНЕ објави заедничка фотографија од Ислам Абази, шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, и братот на Али Ахмети, татко на Дрин Ахмети, новиот сопственик на деловниот објект „Соравиа“.
Драган Ковачки се сомнева дека Абази ќе отвори истрага имајќи ја во предвид оваа фотографија која е направена во домашна опуштена атмосфера, на која се гледа блискоста на Ислам Абази со кланот Ахмети.
„Соопштението со кое ЈО ги повикува институциите да отпочнат постапка е смешно и трагично истовремно, а уште е потрагично тоа што обвинителството потенцира дека отвора предмети по допрен глас кога има сериозен сомнеж за криминал. Па што е поочигледно од тоа внукот на Али Ахмети, политичар од кого зависи владата, да добие 39% од деловен објект вреден 30 милиони евра?“, вели тој.

