Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Нема дно кое СДС не може да го пробие!
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема дно кое СДС не може да го пробие!

09/06/2025

AA

Нема дно коешто СДС не може да го пробие, дури и во некрофилството, велат во соопштение од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС наместо политика продава некрофилство, а наместо одговор на пораките од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, СДС се фати за бакљите. Иако и сама наведува дека според законот, членот 31 којшто сами го наведуваат, забраната за употреба се однесува за во затворени простории, а собирот беше на отворено. Уште повеќе, СДС во шпекулациите се обидува да сокрие и дека бакљите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од трета категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продава на физички лица, коишто не треба да имаат посебен документ за ракување, а се продава со упатство за употреба, односно напомена дека не смее да се користи во затворени простории.

СДС намерно го изоставува фактот дека притоа ВМРО-ДПМНЕ ги испочитува сите параметри и предвидени законски норми за одржување на собири. Пред одржувањето на настанот, беа известени МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, коишто беа присутни за време на одржувањето на настанот,

СДС наместо одговор на пораките од Христијан Мицкоски и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се одлучи за некрофилство, без воопшто да покаже чувства кон жртвите и семејствата во Кочани, туку напротив, ја злоупотребува нивната болка.

СДС наместо политика повторно се качува на бранот злоупотреби до сега видени во „вистината за Смилковско“ или „вистината за Тамара“, каде бесчуствителноста на СДС сметавме дека е врвот.

СДС нема дно на бесчуствителноста коешто не може да го пробие во борба за личен опстанок. Затоа и не им пречеше користењето на пиротехника на прославата на навивачките групи кои победите на своите тимови оваа недела ги прослави на ист начин, со пиротехника од трета категорија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy