
ВМРО-ДПМНЕ ми е како трето дете, но ова ми е последен мандат во партијата како претседател, рече Мицкоски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски изјави дека доколку добие поддршка од делегатите на претстојниот партиски конгрес, ќе го започне својот последен мандат како претседател на партијата.
Тој нагласи дека не планира да поддржи било каква иницијатива за промена на статутарната одредба која го ограничува бројот на мандати.
„Мене ВМРО-ДПМНЕ ми е буквално како трето дете, имам два сина. Ова е мојот последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ доколку ја добијам поддршката од делегатите,“ изјави Мицкоски.
Тој додаде дека додека ја води партијата, нема да прифати промени кои би овозможиле претседателот да има повеќе мандати од предвиденото со статутот.

