Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Македонската Влада и владата на Обединетото Кралство постигнаа согласност за стратешко партнерство
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската Влада и владата на Обединетото Кралство постигнаа согласност за стратешко партнерство

17/05/2025

AA

Македонија испишува историја, се врти нова страница на меѓународната сцена и во билатералните односи со државите, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Македонија, предводена од премиерот, Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, полека но сигурно достоинствено се враќа на меѓународната сцена и гради партнерски односи со силни и влијателни земји.

Македонија ги враќа добрите односи и ја зацврстува билатералната соработка со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Македонската Влада и владата на Обединетото Кралство постигнаа согласност за стратешко партнерство.

Потпишувањето на Заедничката декларација, претставува чест и привилегија за државата, затоа што Македонија е една ретките земји со кои Обединетото Кралство склучило таков договор од највисок степен на меѓусебна соработка.

Стратешките договори меѓу земјите претставува највисок чин на меѓусебна доверба и нивна билатерална соработка.

Па така, овој стратешки договор со Обединетото Кралство ќе ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот.

Меѓу пријателските односи на двете земји, овој договор ќе претставува ново поглавје  и ќе биде клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.

Договорот, исто така, ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од пет милијарди фунти, или околу шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството.

Македонија конечно има Влада која работи во интерес на државата и во корист на граѓаните, позиционирајќи се како сериозен и стабилен партнер во евро-атлантската заедница“, се вели во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пад на температурите од утре: Ќе има врнежи од дожд,

13/02/2026
Македонија

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

13/02/2026
Македонија

Струга сè уште без вода за пиење: Матноста во изворот

13/02/2026
Македонија

ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ПРАТКИТЕ ДО 22 ЕВРА ЈА ПРЕБУКИРА ПОШТАТА Он-лајн

13/02/2026
Македонија

Укинувањето на прагот од 22 евра го закочи поштенскиот сообраќај:

13/02/2026
Македонија

СТРУШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ

13/02/2026
Македонија

Случај Онкологија: Одбраната вели се постапувало правилно – „Ова што

13/02/2026
Македонија

OJO оформи предмет за енормно загадување на водата за пиење

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41409
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пад на температурите од утре: Ќе има врнежи од дожд, на планините снег!

13/02/2026

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има врнежи

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

13/02/2026

Цвета Ристовска – член на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска си поднесе оставка. Својата оставка ја поднесе до

Струга сè уште без вода за пиење: Матноста во изворот „Шум“ опаѓа, но е далеку

13/02/2026

Иако нивото на заматеност на водата во изворот „Шум“ постепено се намалува, таа и понатаму е здравствено неисправна и забранета

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy