Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови!
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови!

05/12/2025

AA

Криминалците за да се спасат од одговорност се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Кога немаат аргументи, кога фактите им се против нив, СДС бега во фантазии и хорор-сценарија. Но колку и да шират страв, вистината останува: Македонија денес е безбедна, стабилна и водена од одговорна Влада, а не од луѓе кои политиката ја разбираат како фабрика за лаги и криминално богатење.

Да бидеме јасни, заради јавноста: Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови. Ова е уште една лага од “фабриката” на истата партија која пред само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола. Денес, тие истите глумат загрижени патриоти.

Што се однесува до навредите за „предавства“, најдобро е СДС да погледне во својот двор. Тоа беше партијата што го направи најголемиот распад на институциите, најголемиот удар врз безбедноста и најголемата загуба на довербата во државата.

Македонија не била попонижена од времето кога Заев и неговите соработници шетаа по светот со политики на капитулација и корупциски скандали. Денес, тие истите предавачи делат лекции за „суверенитет“.

Ова што го прават е опасно: свесно лажење со цел да се креира страв. А кога политичка партија гради стратегија врз невистини, тоа значи дека нема што друго да понуди.

СДС е во право само во едно: ова е прашање за опстанок. Но не на државата, туку на нивната партија, која повторно се потпира на страв, измислици и очајнички обиди да остане релевантна“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
Македонија

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови

07/09/2026
Македонија

Случај „Државна лотарија“: Обвинителството најави 231 доказ, одбраната вели: Груби

07/09/2026
Македонија

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик

07/09/2026
Македонија

Пожарот кај Македонски Брод навлегува кон „Јасен“, активирани сите три

07/09/2026
Македонија

Метеоаларм за утре: Високи температури низ цела Македонија!

07/09/2026
Македонија

Пријавен 62-годишник од Свети Николе: Сомнение дека присвоил 82.180 денари

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45529
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати сторители, едниот веќе издржува затворска

07/09/2026

Министерството за внатрешни работи веќе располага со првични информации и обезбедени докази за сторителите на синоќешното убиство на 26-годишно момче

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот имал култен карактер

07/09/2026

На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени остатоци од средновековни погребувања кои датираат од XI и XII век. Овие најнови

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови контејнери

07/09/2026

Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy