Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ЗАСТОЈ ВО ИСПЛАТАТА НА ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО Димитриеска Кочоска вели дека можеби има индивидуални случаи каде исплатата доцни
Македонија

НЕМА ЗАСТОЈ ВО ИСПЛАТАТА НА ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО Димитриеска Кочоска вели дека можеби има индивидуални случаи каде исплатата доцни

05/12/2025

AA

Министерката за финансии Гордан Димитриеска Кочоска тврди дека нема застој во исплатата на парите за породилно отсуство и затоа, како што рече, нема потреба тие да се планираат во рамки на прераспределбата на средства меѓу буџетските корисници.

Таа рече дека не знае дека се доцни за породилно два месеци, ниту, пак, има информација за тоа.

-Напротив ФЗОМ секогаш дава приоритет на исплата на овие средства. Вие велите се доцни, јас немам таква информација. Треба да најдеме и да докажеме меѓутоа со исплати на сметка, затоа што секогаш некој може да каже дека на него лично нешто му се случува. Можеби некоја родилка тукушто се породила и трае процедурата додека да се средат документите, па ќе излезе дека се доцни месец или два. Да ги видиме оние другите коишто се во систем, па да видиме дали доцни или не. Така што не можам да се согласам со тој дел дека имаме задоцнување. Зошто ја правиме прераспределбата – повторно кажувам се случува како резултат на тоа што некои ставки гледаме дека нема да се реализираат до крајот од годината и дополнуваме таму каде што има потреба – рече Димитриеска Кочоска.

Во однос на прераспределуваат парите кај буџетските корисници, Димитриеска Кочоска рече дека е тоа вообичаена пракса и нешто што се случува во континуитет и додаде дека дел од средствата од прераспредалбата ќе одат за Бехтел и Енка.

Кај Министерството за одбрана, како што рече, има прераспределба во рамки на нивниот постоечки буџет и не им се одземаат пари за исплата за пензија.

-Пензиите се земени од други стапки, не се од Министерството за одбрана – рече Димитриеска Кочоска.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
Македонија

Одложени блокадите на границите кон Македонија: Бугарија бара дијалог наместо

19/06/2026
Македонија

Времето стабилно за викендов – попладне нестабилност со пороен дожд

19/06/2026
Македонија

Секторот игри на среќа алармира: Новиот предлог-закон е „политички популизам“

19/06/2026
Македонија

Повреден риболовец со харпун во Охридското Езеро

19/06/2026
Македонија

Промени во изгледот на полицајците: Дозволени уредни бради и тетоважи!

19/06/2026
Македонија

Почина уште едно обвинето лице за трагедијата во Кочани

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43829
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички од Општина Струмица

19/06/2026

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против две службени лица од Струмица поради сомнение за сторено

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026

По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил

Одложени блокадите на границите кон Македонија: Бугарија бара дијалог наместо тензии

19/06/2026

Бугарија испрати порака против најавените блокади на граничните премини кон Македонија, оценувајќи дека ваквите активности би можеле да имаат негативен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy