Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Киднаперите на Вања со возилото на исчезнатиот Панче му поминал на Спасовски пред нос
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Киднаперите на Вања со возилото на исчезнатиот Панче му поминал на Спасовски пред нос

11/12/2023

AA

„Тоа што СДС отвора разно разни теми со цел да дефокусираат од трагичната смрт на малата Вања и велешанецот Панче, говори дека сакаат да сокријат пропусти во истрагата кои можеле да го спречат грабнувањето и смртта на девојчето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во испратеното соопштение додаваат:

Имено Спасовски и МВР со денови молчат и кријат дека возилото на настраданиот велешанец три дена било во Скопје пред кобниот 27 ноември. Тие не кажуваат зошто ова возило не било пријавено со централна објава иако кога било нотирано исчезнувањето на Панче, бил пријавен за исчезнат и неговиот цитроен. Спасовски и МВР молчат и не кажуваат дали е точно дека на 24 ноември возилото е забележано на камерите на Сејф Сити во населбата Маџари во Скопје, а потоа и следниот ден на 25 ноември, три, односно два дена пред да се случи трагичниот настан. Дали ако полицијата реагирала навреме, односно ако истрагата за исчезнувањето на велешанецот Панче се спроведувала соодветно, немало да се случи грабнувањето на Вања?

И на крајот, Спасовски и МВР треба да кажат како е возможно возило на исчезнато лице, возило пријавено во МВР да помине на десетици метри од најобезбедуваниот периметар во Македонија и во регионот во тоа време, непосредно во близина на хотелот Александар Палас. Буквално на Спасовски му поминале пред нос.

Ова се сериозни прашања кои МВР, Спасовски и СДС треба да одговорат. Тие може да фрлаат магла, да дефокусираат, да манипулираат, но јавноста бара одговори и одговорност. Неказнивоста на Палевски и неговата група, поради тоа што полициски структури блиски до СДС го штителе, во комбинација со пропусти и грешки во водењето на истрагата за првото и второто грабнување и убиство, доведоа до ваквата трагедија.

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy