Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на 2026 година ќе го доврши автопатот Кичево-Охрид и експресните патишта Прилеп Градско и Ранковце-Крива Паланка
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на 2026 година ќе го доврши автопатот Кичево-Охрид и експресните патишта Прилеп Градско и Ранковце-Крива Паланка

19/02/2024

AA

Неспособната и неодговорна власт на СДС и ДУИ 7 години не направи ниту километар автопат во Македонија, го уништи железничкиот сообраќај до ниво да нема возови кон Кичево и Кочани, а кон Битола да се сообраќа само еден воз дневно кој патува и по половина ден.

Оваа катастрофа која ја оставија зад себе мора да се надмине и во Македонија да се довршат отпочнатите и да се градат нови капитални инвестиции од патната инфраструктура што ќе значи поттик за економијата во земјата.

Согласно направените анализи и градежните капацитети следната влада на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на 2026 ќе го доврши автопатот од Кичево до Охрид, кој СДС и ДУИ 7 години не можеше да го доврши. Впрочем власта на СДС и ДУИ само ја зголеми цената на овој автопат до 600 милиони евра и не реализираше ниту 20% дополнителна градба.

Во исто време новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доврши изградбата на експресниот пат од Градско, преку Росоман до Прилеп кој со правилен менаџмент и со јасен план ќе се финализира до 2026 година.

Не само што ќе се довршат фамозните 2 километри од Скопје кон Блаце, туку до крајот на мандатот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во целост ќе се реализира автопатот кон граничниот премин Блаце. Во првата година од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се заврши изградбата на експресниот пат од Ранковце до Крива паланка, а две нови патни делници ќе бидат испроектирани до ниво на проект, а тоа е експресен пат од Струмица до граничниот премин Ново Село и автопатската делница од Велес преку Чашка до Прилеп.

Дополнително ќе се инвестира во модернизација на сигнализацијата и безбедноста на патиштата, но и ќе се реновираат и железничките пруги, со цел возовите да можат брзо и безбедно да се движат по нив, бидејќи железничката инфраструктура е неопходна за економски и стопански развој во земјата.

Она кое што ВМРО-ДПМНЕ го ветува, тоа и го реализира. Граѓаните тоа го знаат и може да му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. Во моментот со власта на СДС и ДУИ никогаш не било полошо во Македонија, и затоа важно е да ги поразиме заедно со народот.

Интегрално соопштение ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy