Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Груби по професија е криминалец
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Груби по професија е криминалец

24/04/2023

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Артан Груби ако мисли дека со шетање сам по телевизии ќе го испере криминалот на столетието поврзан со коридорите 8 и 10, тоа значи дека навистина не е свесен дека завладувањето на правната држава ќе почне токму од него.

„Артан Груби мора да научи дека има разлика помеѓу успешен граѓанин на Македонија без разлика на националност и успешен криминалец од рангот на Артан Груби и Владата на ДУИ/СДС.

Провидна е политиката на Груби и ДУИ кои секогаш глумат жртви на антиалбанска политика кога ќе бидат фатени во длабок и сериозен криминал како што е случајот сега. Впрочем Артан Груби не е вмешан само во овој случај, видовме и претходно дека обвинителството за него ќе има полни раце работа.

Личните деградирања и навреди од страна на Груби кон било кој член од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден показател дека тој е само еден уплашен инкриминиран политичар кој свесен за криминалот кој и го прават на државата, еден ден ќе одговара заедно со сите инволвирани.

На пример, Артан Груби или Димитар Ковачевски, наместо да се расфрлаат со празни флоскули едниот и гениталии другиот, можат да им објаснат на штипјани зошто ќе платат над 60 милиони пенали на странска фирма за автопатот уште пред да почне да се гради, а не се става во функција клиничката болница која ќе спаси илјадници животи.

Тоа е се што треба да се знае за оваа инкриминирана Влада, наместо проекти за граѓаните во вредност од над 60 милиони евра, тие ќе платат толку пари за пенали за проект кој се уште не е почнат со реализација.

Нека бидат свесни и Груби и сите останати, за секој сторен криминал ќе се одговара“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy