Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот со кој вработените во одбраната треба да земат двојно повисоки плати
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот со кој вработените во одбраната треба да земат двојно повисоки плати

27/01/2024

AA

Вработените во одбранта и натаму остануваат без награди и двојно зголемување на платите, оти пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со амандмани го блокираат донесувањето на законот за вработените во одбраната.

„Не може да се глуми лажна загриженост дека се сака да се реши статусот на вработените во МО, а токму инвалидите од конфликтот и семејствата на тие кои државата ги прати да загинат да бидат на маргините. Таква политичка шизофренија не признаваме“, напишаа тие на друштвените мрежи.

Од друга страна пак, нејасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ уште во 2008 година не го донесе на сила овој закон кога партијата имаше мнозинство од 61 пратеник.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека пратеничката група поднесе над 1.500 амандмани на предлог законот за вработените во одбраната со цел да се блокира неговото донесување и порачува дека така ќе биде додека не се реши статусот на семејствата на загинатите бранители.

Неодмана министерката за одбрана Славјанка Петровска во телевизиско интервју објасни кои се придобивките од ова законско решение и на кој начин Законот ќе влијае на унапредување на работните процеси во Министерството.

„Кога зборуваме за бенефитите и придобивките од овој закон дадени се многу позитивни решенија кои ќе ги подобрат работните процеси во Министерството. Не можете да очекувате вработените да бидат доволно мотивирани ако немате соодветна алатка, не само за парична награда или за зголемување на нивните плати, меѓутоа и за побрзо, поефикасно и се разбира правично унапредување во системот. Можам да кажам слободно дека платите ќе се зголемат и двапати повеќе. Значи раководителите на Секторите ако се цивилни, односно административни службеници би земале некаде околу просечната плата во администрацијата, зборам за тој ранг околу 40.000 денари, додека ако на позицијата има поставено воено лице кое има чин полковник, платата на тоа лице е некаде околу 76.000 денари“, рече министерката.

Покрај повисоките плати, постојат и низ други поволности што ги овозможува новиот Закон, како што е вработување без јавен оглас за работни места кои се дефинирани како критична специјалност, вработување без јавен оглас на лице со попреченост, работен однос без јавен оглас за еден невработен член на семејството на починат вработен во МО и на припадник на безбедносните сили, создавање на услови за градење на персонал за работа на НАТО позиции, пензионирање со 40 год пензиски стаж за мажи или 35 за жени или 64 години мажи, 62 жени од кои најмалку 15 години работен стаж во МО, бенефициран раб стаж 12/15, -пензија во висина од 80% од просечна нето плата од најповолните 10 години од пензискиот стаж.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy