
ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за советници во Советот на Град Скопје
Од ВМРО-ДПМНЕ ги објавија кандидатите за советници во Советот на Град Скопје.
Како што велат, свесни се за предизвиците кои ги очекуваат во Градот Скопје.
„Имаме план и визија како да ги решиме проблемите кои се наталожуваа изминатиов период, и да го промениме начинот на функционирање на градот – кон подобро. Граѓаните се наша водилка и мотивација да работиме повеќе и подобро. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ кандидира чесни, образовани и успешни луѓе во својот домен, за советници во Советот на Град Скопје“, се наведува во соопштението.
Кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје
1. Даме Димитровски
2. Луке Галески
3. Жаклина Шопова
4. Мартин Стојановски
5. Дејан Шишковски
6. Весна Маркоска
7. Сашо Кукески
8. Василка Китановиќ
9. Анета Марковска – Илиевска
10. Мирдита Салиу
11. Александар Николовски
