Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали

14/04/2025

AA

Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на јавниот интерес и креираше модел на нефукционалност и системско игнорирање на реалните потреби на граѓаните. Филипче ги третираше здравствените установи како амбиент погоден за распределба на милионски тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Кога граѓаните очекуваа модернизација на здравството и подобрување на услугите во болниците, од Филипче добија тишина и свесно одбегнување на суштински реформи.  Додека пациентите чекаа терапии, избрани поединци го третираа здравството како лична каса.

Најшокантиот и најболен случај, позади чие име стои Филипче, беше скандалот со Клиниката за онкологија. Онкологија е место каде пациентите секојдневно се соочуваат со животна борба, а одредени поединци под чадорот на СДС, ја искористија таа ранливост за да си обезбедат финансиски профит. Ампули од тогаш најновото фармацевстко достигнување завршуваа во приватни џебови, па на црн пазар.

Надоврзан на ова е скандалот со медицинската опрема која стоеше во магацините. Веќе набавена и платена медицинска опрема, која беше обезбедна од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ со месеци стоеше во магацините, поради неспособноста на СДС. Ова е уште една карактеристика на СДС, неспособноста да функционира синхронизирано, односно систем кој ја изгуби секоја морална и професионална вертикала.

Филипче водеше агенда на `привилегирани, блиски и свои`, како што е случајот со Ирина Пановска, која истиот тој ја стави директорка на Клиниката за хематологија и и го отвори патот за јавните тендери кон приватна фирма во сопственост на нејзиниот татко, ,,Д-р Пановски“. Само уште еден од многуте докази, дека Филипче и СДС ги претвараа државните институции во алатки за семејно богатење, односно организиран семеен тендер-механизам. А додека ,,Д-р Пановски“ добиваше милионски зделки, граѓаните беа оставени без термин и без терапија.

Филипче, за време на ковид-пандемијата, уште повеќе ја покажа својата неспособност и Македонија ја смести меѓу земјите со највисока стапка на смртност, а имаше и сериозно доцнење во процесот на вакцинација. Наместо да направи координирана стратегија, Филипче ги примора граѓаните да бараат алтернативи надвор од границите, затоа што тој ги остави без избор.

Наместо да биде транспарентен во време на здравствена криза, Филипче се подготвуваше да набави вакцини преку фирма за трговија со банани, по цена двојно повисока од светскиот просек тогаш, односно 62 долари, додека другите држави ги купуваа по најмногу 30 долари.

Фирмата ,,Старби“, регистрирана како фирма за трговија со банани, а формирана само три месеци откако Филипче стана министер. Набавката на 200.000 вакцини преку оваа фирма, значи дека би биле платени дополнителни 6 милиони долари. Филипче не понуди никаков одговор или објаснување за тоа како се одвивала ова наменско преливање на јавни средства и каде би завршиле тие 6 милиони долари.

Најироничното од сите ветувања на Филипче беше токму Клинчкиот центар, проект кој тој го најавуваше, иако неговите изјави не се надполнуваа со конкретни чекори, за да  на крај сепак заврши како уште едно во низата нереализирани ветувања на СДС. Филипче наследи веќе изработен проект од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, во вредност од 128 милиони евра, кој исто така ги содржеше сите основни параметри и требаше да биде готов до 2021 година, тој одлучи да започне нов проект со нереално висока вредност од 500 милиони евра.

Клиничкиот центар се уште не постои. Не само што не е изградена ниту една градежна фаза, туку проектот не постои ниту како конкретен план. Овој неуспех на СДС не може да се објасни само со неспособноста на министерот, туку и со сериозен недостиг на волја и интегритет за да се доврши проектот кој е од особена важност за македонското здравство.

Филипче и СДС ќе останат запаметени како влада која не успеа да ги исполни своите предизборни ветувања, и која го обесмисли јавниот систем, а Филипче како министер кој наместо реформи остави трауми. Наместо да се насочи кон модернизација на болниците, набавка на опрема, унапредување на здравствените услуги и создавање на пристапни и ефикасни третмани, Филипче и неговата власт се фокусираа на краткорочни, финансиски мотивирани цели. Граѓаните ја изгубија довербата во СДС и Филипче и им дадоа црвен печат за нивната неспособност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни дела веќе ја потврди својата посветеност на реализација на ветувањата, започнувајќи со покачувањето на платите на здравствените работници, кои претставуваат клучен столб на здравствениот систем.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со конкретна визија ќе го реализира проектот за новиот Клинички центар, и ќе им обезбеди на граѓаните современо и функционално здравство“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy