Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ФОРМИРА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА – Божиновска: Во него ќе работат сериозни кадри, ќе се ревидира сѐ што е досега направено (ВИДЕО)
Економија

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ФОРМИРА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА – Божиновска: Во него ќе работат сериозни кадри, ќе се ревидира сѐ што е досега направено (ВИДЕО)

26/02/2024

AA

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека ќе биде формирано министерство за енергетика. Во него ќе бидат вработени стручни кадри кои ќе се занимаваат сериозно со оваа проблематика, ќе направат стратегија, но и ревидирање на се што е досега направено во таа област. 

„Да почнеме да се стремиме кон тоа Македонија веќе да не биде увозник на електрична енергија, за почеток сами да си ги задоволиме потребите за електрична енергија“, истакна членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сања Божиновска на денешната трибина „Енергетска платформа за иднина во Битола“ на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката”.

Според неа, на Македонија и е потребна базна енергија, а треба и да се балансира системот.

„Енергетика е нешто што се планира, не е нешто што се прави од денес за утре ниту за неколку месеци, туку тоа е потребно долгорочно да се планира, што значи дека треба да се направи стратегија. Од тука тој збор стратегија е добро искористен од претходната Влада, но само на хартија. Во јануари 2020-та година беше донесе закон за стратешки инвестиции. За мало населено место треба да е 50 милиони евра инвестиција, за голем град над 100 милиони евра инвестиција и треба да донесе многу бенефиции за животот на граѓаните да се зголеми извозот и економски бенефити”, кажа Божиновска.

Истакна дека згора на се, за грчката централа, Македонија од свои пари, што значи од граѓаните, треба да и даде неповратни 50 милиони евра, и тоа не е заем туку и дава 50 милиони евра што значи дека сите се овие странски компании имаат неверојатни бенефиции.

„Досега има најавени 11 такви стратешки инвестиции, и еве ние веќе сме два месеци пред избори, но ниедна стратешка инвестиција не е донесена. Зошто? Секој ден последните две недели слушаме за последните 4 стратешки инвестиции како тие се добри за Македонија, како ќе имаме почист воздух во Скопје и останато, меѓутоа што е важно? Сите овие инвестиции добиваат невидени бенефиции, прво земјиштето го добиваат за 0,1 евро и го добиваат на 25 до 30 години”, посочи Божиновска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy