
ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица избраа нов претседател во Советот на Општина Битола
По констатирањето на дневниот ред, за денешната редовна седница на советот на општина Битола седницата беше прекината, а потоа се случи пресврт.
Советници од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица повторно продолжиле со работа и избрале нов претседател на Советот со тоа разрешувајќи ја од функцијата Габриела Илиевска која беше Претседателка на Советот од редовите на независната советничка група Поинаку.
Сето ова следува откако вчера Илиевска објави видео на социјалната мрежа Фејсбук со кое бараше одговорност од Градоначалникот и општината за незапочнатиот проект Изградба на стационар за згрижување на кучиња – скитници