
ВМРО-ДПМНЕ достави 2100 амандмани во Собрание
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2100 амандмани до Собранието со цел стопирање на покачувањето на платите за судиите, обвинителите, членовите на Судскиот совет и Советот на обвинителите.
Од оваа партија велат дека не се против зголемување на платите, но според нив зголемувањето на платите во овој момент е последниот чекор што треба да се направи.
Пратеникот Дајанчо Ефтимов изјави дека Владата треба да преземе суштински реформи, а не вакви ад-хок решенија.
За да го блокираат покачувањето на платите, амандмани поднесе и партијата „Левица“.