Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од директорот на скопската ЗОО градина!
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од директорот на скопската ЗОО градина!

18/02/2025

AA

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Стефан Кирков денеска на прес конференција побара оставка од директорот на скопската Зоолошка градина откако таму угинаа неколку животни.

Како што вели, Зоолошката градина во последниве три години е место каде што умираат животни во сомнителни околности.

„Зоолошката во Скопје е веќе позната како куќата на стравот, а досега за тоа никој не понесе одговорност.

За време на директорувањето на Зоран Попов, кадар на Данела Арсовска, угинаа повеќе од 40 животни, се случија големи инциденти, а од Попов не видовме и не слушнавме ниту збор, а камоли одговорност.

Последниот од низата немили настани е угинувањето на седум Берберски овци, истите се претпоставува дека се отруени од храна која е дадена на овие животни од страна на вработени во институцијата. Според информациите храната не е дел од таблицата на исхрана која овие животни треба да ја консумираат.

Па оттука, се поставува прашањето зашто е дадена оваа храна на животните и кој тоа го одобрил?

При вонредниот инспекциски надзор од страна на инспекторите на АХВ затекнати се овие мртви животни и веднаш е постапено кон процедура за утврдување на причините на смртта на овие животни при што во тек е обдукцискиот наод.  Според нашите сознанија, сосема случајно при овој вонреден инспекциски надзор е пронајдено и уште едно мртво животно за кое се претпоставува дека имало обид истото да биде скриено од инспекторите и од јавноста.

Оттука прашуваме,

Дали е пронајдено мртво животно, поточно мртов мајмун од расата патас?

Дали истото веднаш е земено од страна на инспекторите на АХВ и Ветеринарниот факултет за вршење на обдукција?

И зошто се молчеше за смртта на овие животни и зашто се крие од јавноста? 

Скопјани заслужуваат да ја знаат вистината за секое едно животно кое е дел од скопската Зоолошка градина.

Како партија и како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бараме директорот Попов веднаш да си поднесе оставка.

Ги повикуваме сите надлежни институции меѓу кои МВР, јавното обвинителство, АХВ, Ветеринарниот факултет веднаш да влезат во оваа установа и да постапат според законот.

Ниту Попов, ниту Данела Арсовска не смеат да го уништуваат и она малку што остана од скопската Зоолошка градина. Никој не е над законот и нема право да си поигрува со животот на животните во скопската Зоолошка градина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy