
„ВМРО ДПМНЕ-Албанија”: Во соседството регистрирано ново македонско здружение
Претседателката на ВМРО-ДПМНЕ Албанија, Елена Симонофски, преку соопштение истакна дека организацијата официјално е регистрирана во Судот на Република Албанија.
Симонофски истакна дека ова не е само формалност, туку нов почеток со цел да се обединат сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност.
„Стигна времето да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и подобра иднина,“ порача претседателката.
Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ, Албанија, е дом за сите кои ја носат Македонија во своето срце. „Заедно сме посилни, заедно сме Македонија,“ заклучи Симонофски.