Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛЕН со обвинувања за корупциска шема во Комунално – „ветивме дека многу бргу ќе го покажеме криминалот на Арсовска–ДУИ–Левица“
Македонија

ВЛЕН со обвинувања за корупциска шема во Комунално – „ветивме дека многу бргу ќе го покажеме криминалот на Арсовска–ДУИ–Левица“

02/06/2025

AA

Политичката партија ВЛЕН денеска излезе со сериозни обвинувања за нова корупциска шема во Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“, поврзана со коалицијата меѓу Данела Арсовска, ДУИ и Левица.

Според документи презентирани на прес-конференција, на 25 февруари 2025 година, ЈП „Комунална хигиена“ склучило договор (бр. 57254) со фирмата „Веда ДООЕЛ“, чиј потписник е 18-годишниот Валон Беџети – син на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Договорот се однесува на „интелектуални услуги – совети за заштита на животната средина“ во вредност од 775.000 денари (речиси 12.000 евра).

„Вчера ветивме дека многу бргу ќе ѝ ја покажеме на јавноста криминалната шема што ја прикрива коалицијата Данела Арсовска – ДУИ – Левица. Вчера ветивм дека ќе ви го покажеме криминалот. Денес сме тука со конкретни документи.

ЈП Комунална хигиена потпишува Договор со осумнаесет годишниот син на Блерим Беџети, замислете за давање совети за заштита на животната средина.
Еве го договорот.

Повелете да го видите Договор бр. 57254 склучен на 25.02.2025 меѓу ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ и фирмата „Веда ДООЕЛ“.

Се гледа дека парите ги прима – Валон Беџети, син на Блерим Беџети, кој и се има потпишано.

Предмет – „интелектуални услуги –  давање на совети за заштита на животната средина“ без јасно дефинирани резултати, секако, да потсетам дека човекот на кого ЈП Комунална хигиена му плаќаат скоро 12.000 евра за совети е осумнаесет годишно дете.

Еве погледнет и вдете ја едната ставка: 775.000 денари за совети за заштита на животната средина.

Со еден потпис, парите на скопјани завршуваат на сметка на фамилијата Беџети, додека Скопје тоне во ѓубре и нечистотија.
Секако овој директор е поставен од другарката на Блерим Беџети, градоначалничката Данела Арсовска.
Секако, ова е коалицијата на ДУИ, Левица и Димитар Апасиев од кој ќар имаат лично тие, а губат граѓаните на Скопје.

Истото јавно претпријатие веднаш издава фактура бр. 73818 за истата сума од 775.000 денари за „извршени“ услуги. Фактурата е потпишана од истата посредничка фирма, без доказ дека услугата воопшто е започната – камоли завршена.

Рецептот се повторува – втор корисник, близок роднина на директорот на ЈП Комунална хигиена Сабахедин Рустеми.

Погледнете ја Фактура бр. 73819 која носи ново име: Бесар Саќипи – близок роднина на в.д. директорот на претпријатието, Сабахедин Рустеми.

Описот е речиси копи-пејст: „имплементирање нови техники за заштита на животната средина“.

Повторно  договорени 775.000 денари.

Истиот ден, истата сума, истата шема – овојпат за роднина на човекот што ја контролира касата. Во еден ден по 12.000 евра за синот на Блерим и за роднината на директорот назначен од Блерим.

Штетата која е направена е 1.550.000 денари – еднаква на годишен буџет за нови контејнери во неколку скопски населби.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy