Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Влен се пофали: Зголемувањето на минималната плата на 400 евра е важен чекор кон подобрување на условите за живот!
Македонија

Влен се пофали: Зголемувањето на минималната плата на 400 евра е важен чекор кон подобрување на условите за живот!

03/03/2025

AA

„Владата предводена од коалицијата ВЛЕН продолжува да ја демонстрира својата посветеност за подобрување на животниот стандард и економското зајакнување на граѓаните“, велат денеска преку соопштение од коалицијата.

„Една од значајните мерки во оваа насока е зголемувањето на минималната плата на 400 евра (24.400 денари), што ќе почне да се спроведува од април и ќе се одрази на платите што работниците ќе ги добиваат во мај.

Како што најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ова зголемување е резултат на имплементацијата на законската формула за утврдување на минималната плата, која се заснова на 50 отсто од индексот на расходи за претходната година и 50 отсто од просечната плата. Овој механизам гарантира правично и одржливо зголемување на платите, обезбедувајќи граѓаните директно да имаат корист од економскиот развој на земјата.

Коалицијата ВЛЕН го смета зголемувањето на минималната плата како важен чекор кон подобрување на условите за живот и зајакнување на куповната моќ на граѓаните. Сепак, остануваме посветени на продолжување на реформите и другите мерки за поддршка кои позитивно ќе влијаат на благосостојбата на граѓаните и на економската стабилност на земјата.

Во оваа насока, Владата ВЛЕН ќе ја продолжи блиската соработка со синдикатите, бизнисите и сите релевантни чинители за да гарантира повисоки плати, подобри работни услови и фер економски развој.

Нашата заложба е јасна: да создадеме посилна, поправедна и поодржлива економија, каде секој граѓанин има можност за достоинствен живот“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нов пожар кај Штип: Гори борова шума меѓу Долани и

14/06/2026
Македонија

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17

14/06/2026
Македонија

МојДДВ не работи

14/06/2026
Македонија

Али Ахмети најави повлекување од ДУИ

14/06/2026
Македонија

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на

13/06/2026
Македонија

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена,

13/06/2026
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нов пожар кај Штип: Гори борова шума меѓу Долани и Љуботен, едно лице повредено

14/06/2026

Голем пожар денеска го зафати теренот помеѓу штипските села Долани и Љуботен. Екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни

14/06/2026

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека разговорите за реконструкција на Владата ќе почнат по одбележувањето на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ на 17

МојДДВ не работи

14/06/2026

Апликацијата „МојДДВ“ веќе трет ден се соочува со проблеми во функционирањето. Корисниците известуваат дека не можат да ги скенираат своите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy