Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛЕН: Коцевски ја уништи довербата на граѓаните во правдата, мора веднаш да биде разрешен
Македонија

ВЛЕН: Коцевски ја уништи довербата на граѓаните во правдата, мора веднаш да биде разрешен

27/02/2025

AA

Од коалицијата Влен велат дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ја уништил довербата на граѓаните во правдата.

„Лупчо Коцевски, чие име се поврзува со злоупотреба и прекршување на службената должност и лошо раководење на Јавното обвинителство. Тој отиде уште подалеку со тоа што не ја одржуваше доверливоста на постапката и им помагаше на криминалците да ја избегнат заслужената казна и го наруши угледот на институцијата и личниот интегритет на обвинителот.

Коцевски е една од клучните фигури одговорни за падот на довербата на граѓаните во правдата и владеењето на правото. Тој заедно со Ислам Абази ги ослободи обвинетите за настаните од 27 април и многу други скандали. За време на неговиот мандат неколку пати протекоа информации од Обвинителството, нешто што никогаш не треба да се случи. Врз основа на овие прекршувања направени од страна на главниот обвинител, Коалицијата ВЛЕН е посветена на длабоки реформи во судството и целосно го поддржува разрешувањето на главниот обвинител Љубчо Коцевски.

Оваа иницијатива е неопходна за враќање на довербата на граѓаните во судскиот систем и се заснова на:

– Барањата на меѓународните партнери за транспарентност и законитост.

– Кризата на доверба во правдата, која достигна алармантни нивоа.

– Повторените законски прекршувања од страна на главниот обвинител Коцевски дополнително ја нарушуваат довербата во судскиот систем.

Републиканскиот обвинител го загуби легитимитетот и кредибилитетот – мора веднаш да си замине!

Предлогот за разрешување ќе биде доставен до Обвинителскиот совет и Собранието на Република Северна Македонија за понатамошна постапка. Владеењето на правото и интегритетот на институциите се од суштинско значење за едно демократско општество.

Коалицијата ВЛЕН останува посветена да се погрижи именувањето на новиот главен обвинител да се заснова на јасни професионални критериуми. Ќе продолжиме внимателно да го следиме овој процес и да се погрижиме тој да се развива во согласност со интересите на граѓаните и принципите на правна држава“, велат од коалицијата

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy